Меѓународен натпревар во стрелаштво – ИПА Романија-Секција Регион 1 Темишвар

Во периодот од 09 до 11.06.2017 год. по покана од ИПА Романија -Секција Регион 1 Темишвар,екипа од шест члена на ИПА Скопје предводена од Претседателот Владо Мирчевски зема учество на Осмиот интернационален натпревар во стрелаштво „ТОП ГАН“,каде што учествуваа 12 екипи од повеќе држави.

.image-0-02-05-11a39c267af81ba082f1b535c2280c4998465f004e8a8d89623f1aaa412cc4e4-V

По завршување на натпреварот се одржа свечено доделување на награди на учесниците,размена на подароци  и свечен ручек.

image-0-02-05-a8a9ef8a73e43fc18cb15435004003ac5b1400bdd7b2c5c910cd846e2364f0d4-V

На 11.06.2017 год.направена е и официјална посета на локалната Полициска Станица во Регион 1 Темишвар,при што беа разменети позитивните искуства од нивното и нашето полициско работење,предизвици и решенија.

image-0-02-05-f519a1edcf65ac86ee4c4ab2c5dc23d03d5fe4d3d3d94f9685db675f3e648136-V

Благодариме за поканата на колегите од ИПА Романија Регион 1   Темишвар

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Генерално изборно собрание на ИПА Регион Скопје

На  11.02.2017 год. во 12.00 чaс. во  Музејот на Македонската борба  за државност и самостојност , Претседателот на ИПА Регион Скопје  г-дин Владо Мирчевски го свика и одржа годишното генерално изборно собрание на ова здружение.

DSC_0214

На изборното собрание земаа учество управниот одбор , делегати, претседателот и генералниот секретар на ИПА Македонија  како и комисијата за избор и именување.

DSC_0254

DSC_0241

Беше предложен и усвоен следниот дневен ред:

  1. Извештај за работата на регионот Скопје – 2012/2016
  2. Извештај за финансиското работење
  3. Планирани активности и визии за периодот кој следува
  4. Избор на Претседател и Управен одбор

Избор на надзорен одбор и комисии за : Спорт и рекреација , Социјален фонд и донации, Патување и меѓународна регионална соработка.

DSC_0245

 Избрани се следните членови на новиот Управен одбор за Регион Скопје и тоа:

      –   Претседател : г-дин  Владо Мирчевски

    –   Генерален секретар : г-дин Игно Стојков

     –   Благајник : г-дин Манојловски Игор

      –   Членови-делегати – г.дин Кирил Бошковски

          и   г.дин Љупче Тодоровски,

       –   Членови: г.дин Оливер Поповски ,

г.дин  Радош Ефремов  и  г.дин Александар   Тодосиев,

      член – записничар  г-ѓа – Мирјана Петрова Велковска

   За претседател на Надзорниот одбор е назначен

  г.дин Јошев Јовче

   За претседател на комисија за спорт и рекреација е назначен  г-дин Сашо Димовски ,

   За претседател на комисијата за социјален фонд и донации е назначен г-дин  Зоран Јовановски,

     За претседател на комисијата за патување и меѓународна регионална соработка  г-дин Богоев Миомир.

Согласно  одлуката на Управниот одбор од 27.01.2017 г. беа доделени плакети и благодарници на : ,;Годомин“, ,, Бим Дизајн“ , ,, Дијаг“ , Ресторант ,, Кај Перо“ , „Пивница“,„ Стар Град“ , г-дин Бранислав Светозаревиќ и г-дин Азизи Џевдет.

image-0-1 DSC_0283 DSC_0263 DSC_0260

 

ИПА –регион Скопје кај ИПА секција Косовско Поморавље – Петта Меѓународна Спортска Манифестација ,,Власинско Езеро,, –

Од 12.05 до 14.05.2017 год. четворочлена делегација на ИПА регион Скопје , предводена од претседателот Владо Мирчевски учествуваше на Меѓународната спортска манифестација организирана од ИПА Косовско Поморавље.

IMG_20170513_204237

На оваа манифестација учествуваа и ИПА секции од : Русија, Романија , Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора , Израел и Грција .

IMG_20170513_221322

Манифестацијата  започна со спортски активности  -(стрелаштво , риболов, пикадо), готвење  а продолжи со културна манифестација и забава за гостите.

20170513_10440020170513_11141120170513_123112

Им благодариме на ИПА Косовско  Поморавље за укажаното гостопримство .

 

 

Меѓународна ИПА Спортска Манифестација „Скопје 2017“,

Во периодот од 5/7.05.2017 год . се реализира ИПА Меѓународната спортска манифестација „Скопје 2017“. Повод за реализирање на овој проект е „7-ми Мај“, денот на Македонската полиција со тенденција да стане традицинален.

Спортската манифестација се реализираше во три дена и тоа:

5 мај 

Пречекани се претставници од Секциите на:

  • Р.Романија-регион – Темишвар,
  • Србија- регион Косовско поморавље ,
  • Ц.Гора – регион Подгорица и Херцег Нови,

Следеше нивно сместување во хотел „Мрамор“, вечера, запознавање и дружење.

6 мај

DSC_0001DSC_0059

Претседателот на ИПА Регион Скопје, господинот Владо Мирчевски ја отвори спортската манифестација во кругот на касарна „Ѓорче Петров“, – стрелиште . На натпреварот учествуваа:

  • три меѓународни делегации,
  • ИПА –Регион Скопје со свои претставници ,
  • ИПА Македонија со свои претставници,
  • членови на ИПА секции од Р.Македонија: Штип, Битола, Тетово, Прилеп.

DSC_0115 DSC_0096 DSC_0086 DSC_0088 DSC_0136

Реализирани се две дисциплини во пукање со пиштол и една дициплина во пукање со автоматска пушка.

DSC_0174

По заедничкиот ручек гостите се упатија на прошетка низ централниот дел на градот Скопје и

DSC_0151

остварија посета на Годишното изборно Собрание на националната ИПА секција во „Порта Македонија“. Следеше посета на Музејот на Македонската револуционерна борба .

На свечената вечера беа соопштени резултатите од од натпреварот и размена на подароци. Севкупен победник е екипата на Секцијата Темишвар – Р.Романија . На сите учесници им се поделени медали и благодарници за учество.

DSC_0191 DSC_0269 DSC_0262 DSC_0243 DSC_0231 DSC_0203 DSC_0202

7 мај

Вториот дел од спортските активности се состоеше од натпревар во мал фудбал помеѓу екипите на ИПА регион Скопје и националната селекција на ИПА Македонија во чија екипа учествуваа и претставници од меѓународните делегации. Натпреварот се одржа во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

DSC_0312 DSC_0315  DSC_0318

На натпреварот победи Националната селекција на ИПА Македонија. На учесниците се доделени благодарници  а медали за победниците . За претсавниците на ИПА Темишвар е организирана и посета на Крстот на Водно и Етно – Македонско село.

Годишно изборно собрание 2017 на ИПА Регион Скопје

Управниот одбор на ИПА – Регион Скопје под водство на Претседателот на регионот  г. Владо Мирчевски одржа седница на 27.01.2017 година на која донесе одлука за свикување на:

ГОДИШНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ИПА – РЕГИОН СКОПЈЕ

СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ИПА – Регион СКОПЈЕ ДА ПРИСУСТВУВААТ И УЧЕСТВУВААТ НА СОБРАНИЕТО

Изборното собрание ќе се одржи на 11.02.2017 година со почеток во 12 часот во салата на Музеј на ВМРО со следниот дневен ред:

  1. Извештај за работата на регионот Скопје во периодот 2012/2016,
  2. Извештај за финансиското работење,
  3. Планирани активности и визии за периодот кој следува,
  4. Избор на претседател и управен одбор,
  5. Избор на комисии за: надзор; спорт; социјален фонд; патување и меѓународна соработка